E - Информатор

Активности

Богоев: СДСМ се фокусира кон младите

Изјава за медиуми,СДММ
Стефан Богоев, претседател                                                                                                                                Кавадарци, 24.01.2014г.




Почитувани,

Социјалдемократската младина на Македонија, во периодот којшто претходеше и во периодот којшто следува беше посветена на еден процес на доекипирање на органите и раководните тела во младината, преку спроведување на изборна постапка на локалните клубови во целата држава.

Во Локалниот клуб во Кавадарци, младите акламативно, едногласно избраа нов претседател, Атанас Таневски, како и нов Извршен и Надзорен одбор.  Со самото тоа што акламативно, едногласно ги избраа органите, демонстрираа едно единство и една сплотеност каква што демонстрираше и Социјалдемократската младина на Македонија насекаде.



Во наредниот период СДММ ќе биде вклучена во еден процес на промовирање на мерките од Програмата на партијата, “Да ја вратиме средната класа”, што пред се, се наменети за младите .

Дополнително ќе биде вклучена во еден процес на разобличување на погрешните политики, којшто оваа власт ги спроведува во континуитет, а ги повредуваат токму младите. Тоа се мерките кои немаат за цел да ја намалат, туку напротив ја зголемуваат младинската невработеност и ги бркаат младите од државата.
Со оглед на фактот дека се избра нов претседател и ново раководство на ЛК СДММ Кавадарци, очекуваме и младите кавадарчани во наредниот период, активно да се вклучат во промоција на програмата, како на на ниво на Социјалдемократска младина, така и на ниво на СДСМ, генерално.

петок, 24 јануари 2014



СДСМ