E - Информатор

Активности

Избрани претседатели на ЛК на СДММ Бутел и Ресен

На редовна Конференција на Локалниот клуб на СДММ Бутел за претседател е избран Симон Бешлиев, а на Конференцијата на Локалниот клуб на СДММ Ресен е избран Мишко Пупалевски.

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ја започна постапката за избор на нови раководства на Локалните клубови на СДММ ширум Македонија. Младите кои сакаат да бидат дел од раководството на Локалниот клуб треба да бидат препознатливи во својата средина, да уживаат углед меѓу младите и да ги споделуваат социјалдемократските вредности.

Низ демократска и отворена постапка се избира претседател на Локалниот клуб, како и Извршен одбор. Овие органи во наредните две години ќе имаат мандат за извршување на голем број активности, кои имаат за цел да го подобрат животот на младите, да ги детектираат проблемите во нивната средина и да пунудат мерки за нивно надминување, како и да ги промовираат политиките на СДСМ и СДММ.

 

 

 

 

 

среда, 22 јануари 2014



СДСМ