E - Информатор

Активности

Млади за промени

Многу често кога ме прашуваат кој победи при изборот на новото раководство на Социјалдемократската младина на Македонија, кажувам дека младината победи. Најискрено мислам дека како никогаш досега успеавме да покажеме дека имаме демократски капацитет да спроведеме фер избори и изборна постапка во која младите социјалдемократи ќе можат да си го кажат своето мислење. Без разлика кој и да беше исходот, било кој од кандидатите да ја добиеше одговорноста да ја предводи младината, сеуште сум убеден дека сме пример за тоа како треба да функционира една модерна европска младинска организација. Нема победници и нема губитници, со самиот факт што сите сложно продолживме да работиме покажавме дека не разликуваат само мали разлики но целите ни остануваат исти.

За разлика од нашите опоненти кај кои владее едноумието, Социјалдемократската младина покажа дека е спремна да биде двигател на демократските процеси во општеството. Сликата која ја дава внатрепартиската организираност е сликата која ќе ја гледате кога таа партија ќе дојде на власт. Жално е кога ќе видите дека помеѓу младите постои потчинетост, апатија и страв. Тоа е нешто против кое што се бориме како социјалдемократи низ годините што поминуваа. И викаат дека секоја генерација има своја борба, само се чини дека борбата за слобода и демократија е вечна во Македонија. Додека другите држави одамна разбраа дека треба да се борат за подобар живот, се чини дека во Македонија младите единствено нешто што им остана е да преживуваат.

Не можеме, не смееме и не сакаме да живееме во општество каде што не постои закон, каде не се почитуваат граѓанските права и каде правилата ги диктира една фамилија. Држава во која не се почитува гласачкото право на секој граѓанин и каде постојат методи на манипулација на избори се нешто зад кое мора сите сложно да застанеме.

Ова го говорам во очи претседателските избори кои не очекуваат за некој месец. Тест за тоа во каква држава сакаме да живееме и за тоа кој ќе не преставува.

Мислам дека најголем критичар на влста но и шамар за да се разбуди од портокаловото лудило се токму младите. И не зборам за оние кои решиле да се задоволат да живеат на грб на државата иако ја гледаат како пропаѓа. Говорам во име на они кои решиле да ја побараат својата среќа надвор од Македонија. Стотиците илјади млади луѓе кои ја напуштаат државата со зборовите „овде веќе не бива“, „овде веќе нема леб“, „пак ли ќе ги местат изборите“.

Социјалдемократската младина нема да дозволи да бидеме сведоци како се претвараме во земја на стари, каде што повеќе бенефиции ќе добијат пензионерите одколку младите и студентите. Земја во која е полесно да одиш бесплатно на скијање, бања и тоа со бесплатен превоз одколку да дојдеш до работа ако ја немаш портокаловата книшка. Власт која ги гледа граѓаните како гласачка машинерија не му мисли добро на својот народ.

Од другата страна, напатените студенти по студентските домови кои се распаѓаат, кои на цела мака успеваат да добијат високо образование, мора да ја напуштаат земјата во потрага по работни места. Затоа учествуваме во изработка на програма која ќе значи подобар живот за сите млади луѓе без разлика на која партија припаѓаат. Се бориме да се даде шанса на квалитетот пред партиската книшка, да се создадат услови за отпочнување на сопствен бизнис со подршка на државата без да се плашат дали ќе дојдат инспекции да пишат драконски казни и да заглават со својот бизнис.

Во време кога се повеќе се откриваат аферите на власта и каде се краделе парите на граѓаните, се поголем и поголем број на млади решаваат да пристапат во нашите редови. Многу млади увидоа дека сме младина која може да покрене промени за подобар живот. Дека не се плашиме да го кажеме тоа што го мислиме и затоа не почитуваат.

Би сакал да се заблагодарам на членовите на СДММ кои несебично работеа изминатиот период. Кои не се штедеа и покрај сите притисоци да се борат за правата на младите. Впрочем тоа е и нашата обврска, обврска на секој член да се бори за секој млад другар, пријател, студент, средношколец.

Кога некој од владејачката партија ќе се дрзне да збори за идеологија сакам да ги потсетам: Ние не сме тие што величаме туѓи херои и пееме песни на туѓ јазик. Ниe не сме тие чија што лојалност се купува со пари или работа. Не сме тие што заработуваат милиони од тендери и возиме џипови како шерифи. Но ќе ви кажам кои сме: Ние сме храбри, тие кој се бориме за сите граѓани да живеат без страв во демократија, се бориме да нема дискриминација по сите основи, повеќе сакаме студентски домови, работни места, него споменици, веруваме дека секој треба да е еднаков пред законите, и на крај, членови сме на оваа партија затоа што веруваме во идеологија, а не да бидеме купени за ситни пари.

Трајче Нешковски, секретар на СДММ

вторник, 21 јануари 2014



СДСМ