E - Информатор

Одјави ме !

Активности

СДММ продолжува со посетите на социјално загрозените семејства низ Македонија

Денес, во рамките на своите редовни активности, Социјалдемократската младина на Македонија  организираше хуманитарна акција во рамките на која посети социјално-загрозено семејство каде што донираше храна и облека.

Посетите и донациите за социјално најзагрозените преминаа во традиција на младите социјалдемократи низ Македонија. Во таа насока СДММ предвидува повеќе посети од ваков карактер со цел да им се помогне на што повеќе социално-загрозени семејства кои заборавени од власта живеат на работ на егзистенцијата.

 

 

 


 

 

четврток, 12 јули 2012



СДСМ