Прес конференција, СДММ
Кавадарци, 02.06.2012 г.
Почитувани млади,
Денес ние младите од Социјалдемократскиот сојуз решивме да го кренеме својот глас и да кажеме еден од проблемите кои што ги тиштат младите од нашиот град, а тој проблем е токму ова разурнато кошаркарско игралиште, исто така и малиот интерес на Локалната самоуправа и Градоначалникот да го решат овој проблем. А тоа е реконструкција на овој спортски терен.
Денес својот глас го креваме преку организирање на турнир во кошарка и мала пародија, која само ја покажува вистината и состојбата на младите во Кавадарци.
Ние нема да застанеме овде. Затоа уште сега ќе ви ја најавам следната активност на младите, а тоа е градскиот стадион Тиквеш.
Секоја активност на младите социјалдемократи од Кавадарци ќе биде ПОВИК ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЗДРАВО ОПШТЕСТВО.