Прес конференција, СДММ
Кавадарци, 02.06.2012 г.
Инспирирани од најновите младински политики на ДПМНЕ, ние од локалниот клуб на млади на СДСМ Кавадарци решивме да водиме здрав живот. Ги фрливме цигарите, го изедовме јаболкото и дојдовме овде на игралиштето крај салата „Јасмин“ да спортуваме. Но што да видиме? Таблите искршени, обрачи на многу места нема, а за рефлектори воопшто да не зборуваме... Господо од ДПМНЕ, оваа акција ја правиме со цел преку пародија но сепак конструктивно сакаме да апелираме до вас да сработите нешто за младите во Кавадарци. На крајот на краиштата исполнете си ги вашите предизборни ветувања. Вака делењето на јаболка ќе го сметаме само за пропаганден трик и залудно потрошени пари од ваша страна.