E - Информатор

Одјави ме !

Активности

Социјалдемократската младина на Битола го слави својот јубилеен дваесетти роденден

Изјава, СДСМ
Мирјана Костадиновска, секретар на ЛК СДММ Битола
Битола, 08.05.2012 година


Почитувани,

Социјалдемократската младина на Битола го слави својот јубилеен дваесетти роденден. Тоа значи, 20 години силна и недвосмислена заложба за универзалните вредности како што се: еднаквоста, солидарноста, социјалната правда и стремеж кон унапредување на положбата на младите во сите свери на живеење.

Како млади социјалдемократи, нашата програмска определба ја остваруваме во три значајни полиња: социо-општествено, едукативно и хуманитарно поле.

Оваа година одбележувајки го нашиот јубилеј организираме „Недела на Социјалдемократијата“ во која се предвидени, низа активности: хуманитарни акции, културни и спортски манифестации, трибини и работилници, се со цел промовирање на нашите социјалдемократски вредности, кои и тоа како се потребни во нашето општество.

Ги повикуваме сите млади, од нашиот град, без разлика на нивната национална, верска и етничка припадност или политичка определба, да ни се приклучат во нашите активности, бидејки само на тој начин ќе покажеме дека сме единствени во она што нам не поврзува, а тоа е младоста, ќе покажеме дека сме европска младина.

 

вторник, 08 мај 2012



СДСМ