СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКАТА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА
распишува
КОНКУРС
За учество на летниот камп на ECOSY 2012 кој ќе се одржи во Савудрија, Хрватска
Социјалдемократската младина на Македонија оваа година ќе учествува на летниот камп на ECOSY - Young European Socialists, кој ќе се одржи во периодот од 13 до 20 јули во Савудрија, Хрватска.
Оваа година на кампот ќе учествуваат повеќе од 1600 млади луѓе од цела Европа, а планирани се и едукативни и забавни содржини, како и гостувања на политичари од регионот. Дополнителни детали за програмата и настанот може да пронајдете на официјалната веб страница http://ecosysummercamp2012.eu/.
Заради зголемениот интерес, а со цел да се задоволат барањата на ECOSY за учество на национална делегација (родова застапеност,застапеност на различни региони и слично), Социјалдемократската младина на Македонија ќе направи избор од пријавените кандидати за учество на летниот камп на ECOSY 2012 најдоцна до 20-ти мај.
Избраните кандидати потребно е да платат котизација за учество на летниот камп во износ од 170 евра, а средствата треба да се уплатат на сметката на ECOSY пред 1ви јуни. Овие средства се наменети за да го покријат сместувањето во кампот (дел од учесниците ќе бидат сместени во шатори, дел во бунгалови) и храната за време на 7 дневниот престој. Патните трошоци ќе зависат од начинот на кој ќе биде организирано патувањето.
Сите заинтересирани за пријавување на овој конкурс потребно е:
- да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 28 години;
- да испратат лични податоци кои ќе опфаќаат име, презиме, возраст и локален клуб на СДММ од кој доаѓа кандидатот.
Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на следниот e-mail: sdmm@sdsm.org.mk
со назнака: за учество на летниот камп на ECOSY 2012,
најдоцна до вторник, 15.05.2012 година.
Напомена: Само избраните кандидати ќе бидат контактирани при што ќе им бидат испратени деталите поврзани со уплатата, како и комплетниот список на учесници на летниот камп кои влегуваат во составот на делегацијата на СДММ.