E - Информатор

Одјави ме !

Активности

ФОТО: Кочани од најчист град во Македонија се претвори во дупка

Соопштение за јавноста

 

По повод денот на пролетта 21 март, Локалниот клуб на СДММ – Кочани организираше акција под наслов „Пролетта дојде - дупките останаа”. Со акцијата младите испратија јасна порака до градоначалникот на Општина Кочани. Пролетта е предвесник на убави работи, нови очекувања и позитивна енергија, но наместо тоа кочанчани и оваа пролет ќе чекорат по ископаните и пропаднати улици во градското подрачје.

Наместо градоначалникот да ги имитира своите идоли, градејќи фонтана во центарот на Кочани од фантастични 90.000 евра нека се зафати со решавање на вистинските проблеми на граѓаните и нека ги санира улиците во градското централно подрачје. Уште еднаш му честитаме на способноста што Кочани од град со епитет за најчист град во Македонија го направи дупка во која ние младите секојдневно тонеме. Младите порачаа: Сакаме да чекориме по нови и модерни улици, а не да пропаѓаме во дупката без дно која тој ја создаде! 


Скопје, 21.03.2012 година                         

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА
   
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

  

 

среда, 21 март 2012



СДСМ