E - Информатор

Одјави ме !

Активности

Mладите социјалдемократи од Неготино со пародија против изградбата на топилница

На ден 14.02.2012 година, вторник, по повод празникот св. Трифун, Локалниот клуб на СДММ Неготино организираше пародија во врска со одлуката на советниците на ВМРО ДПМНЕ од Неготино да не ја подржат иницијативата на граѓаните за да се поништи одлуката за пренамена на земјиште од земјоделска површина во земјиште каде е планирана изградба на топилница на тешки метали.

Советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ со оваа одлука покажаа дека се ЗА изградба на топилница и дека не им е битно здравјето на жителите на Неготино и околните населени места.

Со пародијата на младите социјалдемократи од Неготино преку песната „Заборави ако можеш“ која одеше во позадина на пародијата беше испратена порака до граѓаните на Неготино никогаш да не заборават каква одлука донесоа локалната власт во Општина Неготино предводена од ВМРО ДПМНЕ.


 

четврток, 16 февруари 2012



СДСМ