E - Информатор

Одјави ме !

Активности

Младите од Ѓорче Петров продолжуваат да се грижат за своите сограѓани

На ден 11.02.2012 Локалниот клуб на СДММ Ѓорче Петров спроведе акција за расчистување на снегот пред Поликлиниката во која се лекуваат граѓаните од оваа општина.

Со претходната акција за расчистување на снегот пред ОУ. Димитар Поп Георгиев Беровски,  младите социјалдемократи од општината Ѓорче Петров упатија апел до надлежните и градоначалникот Сокол Митревски за расчистување на снегот пред институциите во општината со цел да се воспостават услови за безбедно движење на граѓаните. За жал градоначалникот и надлежните служби останаа глуви на овие барања.

Затоа, младите социјалдемократи, поддржани од раководсвото на општинската организација и советничката група на СДСМ во оваа општина, продолжуваат да го расчистуваат снегот во општината. Доколку не се превземат соодветни мерки од страна на локалните власти, акцијата за расчистување на снегот ќе продолжи да се спроведува пред сите поважни инситуции во општината.

 

 

недела, 12 февруари 2012



СДСМ