Изјава, СДММ (реакција на изјава на подмладокот на ДПМНЕ)
Дарко Давитковски, претседател
Скопје, 10.06.2011 година
Почитувани,
Денешната изјава на претставниците на подмладокот на ДПМНЕ претставува врв на нивното лицемерие. Како не им е срам?
Овој заспан подмладок нема никакво право да зборува, бидејќи тие никогаш не се грижеле за интересите на младите луѓе, туку секогаш па и сега се појавуваат единствено со конструкции и манипулации диктирани од својот партиски шеф Груевски. Тие се истите оние кои во изборната кампања работеа единствено по наредби и ја манипулираа јавноста покажувајќи монтирани слики на Бранко Црвенковски со убиецот од Драчево.
Касно им сега да покажуваат лажна грижа на совест. Требаше да се спротивстават кога МВР се обидуваше да го заташка случајот и со денови молчеше и кога нивниот партиски шеф Груевски праќаше свои емисари кај семејството сакајќи да го купи нивното молчење.
Наместо да се приклучат на мирните протести на кои стотици млади луѓе од целата држава го креваат својот глас против полициската бруталнот и го изразуваат револтот наспрема безмилосните полициски стеги, тие без ни малку срам и без ниту трошка почит кон за жал починатиот Мартин Нешковски, затскривајќи се зад партискиот параван продолжуваат да даваат инструирани изјави.
Сакаме да потсетиме дека токму ДПМНЕ го политизира немилиот настан, а Унијата на млади сили е подмладокот на партијата која зафатена од славеничката еуфорија, на свој политички настан дозволи од страна на полициски службеник, припадник на специјалната единица на МВР на најбрутален начин да биде убиено младо момче.
На овие млади луѓе сакаме да им го порачаме следното: Да престанат да се додворуваат и да манипулираат и барем еднаш да излезат од партиските стеги. Да не бидат само партиски послушници, туку заедно со своите врсници да се спротивстават на полициската бруталност.