Изјава, СДММ
Борче Корлевски, СДММ Битола
Битола, 30.05.2011 година
Од лажго - градоначалник не бидува, а камо ли пратеник!
Се што вети - се излажа. Те пруга за Лерин, те топлификација, те во Жабени нови работни места. Ама врв на се е овој постамент - демек споменик имало. Парите ги потроши, споменикот две години го чува во гаража. Дури сега ни е јасно, тој споменикот го нарачал за да си ја украси гаражата.
Овој постамент изгледа си го направил за себе. Да биде поголем од сатот! Невиден украс за Битола!