E - Информатор

Одјави ме !

Активности

ФК Вардар и ФК Пелистер доведени до работ на своето постоење

Изјава, СДСМ
Дарко Давитковски, претседател на СДММ
Скопје,28.05.2011 година


Веќе подолго време сме сведоци на разнебитувањето на македонскиот спорт и спортските клубови. Национланите спортови како фудбалот се заборавени од одговорните лица и се претворени во аматерски клубови кои едвај функционираат.

Наместо да се грижат за националните спортови и клубови кои во минатото претставуваа гордост за Македонија, Никола Груевски и ДПМНЕ градат тениски игралишта во руралните средини и си прават хокеј репрезентации.

Типичен пример за растурањето на македонската гордост поради алчноста заради материјална и финансиска корист се двата најтрофејни клуба, ФК Вардар и ФК Пелистер. Најголемата гордост на фудбалот во поранешните ЈУ-простори дојдена е до работ на своето постоење. Денес двата најтрофејни клубови отпаднаа во втора лига, нешто што не се случило од денот на нивното постоење.

СДСМ не може да го гледа тоа пропаѓање, затоа новата влада на СДСМ ќе ја врати гордоста на фудбалот со решение за спортските клубови, кое веќе го има во изборната програма. Новата влада ќе обезбеди посебна ставка во буџетот за спортските гиганти во Република Македонија и преку блок-дотации до соодветните општини во кои егзистираат овие спортски клубови ќе обезбедува соодветни финансиски средства за нивно функционирање со цел создавање на врвни спортски резултати.

Овој начин на подршка ќе биде реализиран во соработка со локалната самоуправа, националните спортски федерации и спортските здруженија. Со тоа ќе созададеме клубови кои ќе настапуваат во европските лиги, а ќе се зголеми и интересот на младите за практикување на еден од националните спортови-фудбалот.

Следејќи го примерот на успешноста на ФК Барселона и Фк Манчестер Јунајтед, нема зошто да не веруваме дека Вардар, Пелистер и некој друг фудбалски клуб еден ден нема да игра во лигата на шампиони.


сабота, 28 мај 2011



СДСМ