Прес конференција, СДММ
Миле Талевски, претседател на ЛК на СДММ Прилеп
Прилеп, 26.05.2011 година
Почитувани претставници на медиумите,
Младите сакаат развој, сакаат прогрес, модерно општество и пред се вработувања според знаењата и вештините!
Младите сакаат европска иднина, а не лажно минато!
За жал, реалноста со која се соочува скоро секој млад човек е сурова! Владата на премиерот во заминување Груевски ја закопа иднината на државата.
Денес Македонија не е веќе земја на млади, политиката на ДПМНЕ ги натера да ја напуштаат земјата и надвор од државата да ја бараат својата иднина!
Нема инвестиции, нема нови работни места, нема перспектива. Има рекордна сиромаштија и невработеност!
Новата влада на СДСМ после 5-ти Јуни, ќе воведе многу конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста кај младата популација.
Почитувани граѓани треба да се определите за бројот 10, затоа што во нашата изборна програма предвидуваме и ветуваме:
1. Субвенции за вработување на невработени млади лица на возраст до 27 години, со месечна финансиска поддршка од 16 000 денари за период од 6 месеци, со обврска работодавачот да го задржи најмалку 18 месеци!
- Со оваа мерка директно ќе ги стимулираме компаниите да вработуваат млади лица!
2. Директна поддршка на младите за почнување на сопствен бизнис, со давање на 307.500 илјади денари(околу 5000 ЕУ) во опрема и репроматеријали за сите млади невработени до 27 години, евидентирани како невработени повеќе од три месеци!
3. Ќе воведеме, ослободување од обврската за плаќање социјални придонеси во период од 1-на година, при прво вработување на млади до 27 години.
- Ова ќе придонесе средствата кои фирмите ги плаќаат за придонеси, да ги пренаменат во отворање на нови работни места за млади.
4. Новата влада на СДСМ, ќе субвенционира бескаматни кредити за младите за отпочнување самостоен живот.
- Младите ќе имаат можност да подигнат кредити за решавање на стамбеното прашање, за кои државата ќе ја плаќа каматата!
5. Ќе склучиме договор со најмоќните 50 компании во државата, за вработување на најдобрите студенти! - Целта е да ги задржиме нашите најквалитетни млади кадри да работат во нашата држава.
Почитувани, како никогаш досега новата влада на чело со идниот премиер Радмила Шекеринска, ќе се сврти кон отворање нови работни места – тоа е нашиот приоритет!
Ви ветуваме, После 5-ти Јуни со реални и остварливи проекти, домаќински ќе почнеме да ги решаваме сите горливи проблеми на граѓаните!