Прес конференција, СДММ
Кристина Костова, портпарол на ОИШ на СДСМ Штип
Штип, 23.05.2011 година
Беше воведена наплата за добивање потврди, пријавување семинарски работи и истражувачки трудови. Никој не реагираше!
За 400 % беше зголемена цената на уверенија, пријави на испити и казнени сесии. Никој не се бунеше!
Студентските кредити беа укинати, а стипендиите доцнеа по 15 месеци. Никој не го крена гласот!
За реакција, за бунт и кревање на гласот платени се студентските парламенти.
СПУГД е сервилен и не може да излезе од сенката на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи е сочинет од членови и високи функционери на УМС.
Вршители на должноста претседател на студентските парламенти на факултетите на УГД, се или членови на ИК или активисти на УМС Штип:
Александар Трпчев, Ангелов Дејан, Боев Дејан, Томче Миташев, Горан Стаменков.
Во претседателството на СПУГД се членовите на ИК или активистите на УМС Штип: Бобан Даскалов, Луција Кашуба, Томислав Парчеклиев, Александар Шпигов, Михаил Горгиев, Спирова Елена, Чолаков Мишко.
Вршител на должноста Претседател на СПУГД е Трајче Здравков, член на ИК на УМС ВМРО ДПМНЕ Штип и син на советникот од редовите на владејачката партија - Љубе Здравков.
Веројатно членовите на СПУГД се избирани тајно и во комитетите на ВМРО ДПМНЕ, а не на јавни, транспарентни и непосредни избори од страна на студентите.
Ги трошат парите на студентите за партиски активности. Не работат за доброто на студентите, туку за доброто на нивната партија.
Додека СПУГД е партизиран, никогаш нема да служат како коректив на лошите општествени појави.
Но, ова нема долго да трае.
Со преземањето на власта СДСМ ќе се залага за подобрување на стандардот и општествената положба на секој студент преку обезбедување автономија, осамостојување и унапредување на студентските парламенти на универзитетите ширум земјава, вклучително и на СПУГД.