E - Информатор

Раководство

Методија Илиевски

Потпретседател на СДММ


Лични податоци:

Роден е на 10.02.1987 година во Битола.


Образование:

Основното и средното образование ги завршува во Битола.

Дипломира на Факултетот за биотехнички науки, отсек - Фармерско производство, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

На Педагошкиот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола завршува доквалификација на насока педагошки предмети.

Во моментов посетува постдипломски студии на Факултетот за биотехнички науки, отсек - Фармерско производство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.


Обуки:

Политичка академија за социјална демократија во организација на Прогрес - Институт за Социјална Демократија и Фондација Фридрих Еберт - Скопје (април 2011 до март 2012).

Академија за млади лидери при Општинската организација на СДСМ Битола (мај-јуни, 2010).

Тренинг за тренери (ТОТ) на тема: Управување на време и акционо планирање.

Бизнис Инкубатор Битола:

- Обука за односи со јавноста (јули 2012),

- Обука за техники за говор на телото како продажна алатка (август 2012),

- Обука за менаџмент и претприемништво (август 2012),

- Обука за маркетинг стратегии (септември 2012),

- Обука за основи и техники на продажбата (октомври 2012),

- Обука на тема Герила маркетинг (ноември 2012).

БСЦ Битола (Бизнис инкубатор) START UP центар – тренинг за маркетинг менаџери.


Партискa кариера:

Член е на СДСМ од 2005 година.

Во периодот од 2009 до 2010 година бил Член на Извршниот одбор и потпретседател на Локалниот клуб на СДММ - Битола.

Од 2010 до 2013 година бил претседател на Локалниот клуб на СДММ - Битола.

Во декември 2013 година е избран за потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија.


Политичка кариера:

На локалните избори во 2013 година е избран за член на Советот на Општина Битола од редовите на советничката група на коалицијата „Сојуз за иднината“.


Други поважни општествени активности:

Во периодот од 1999 до 2007 професионално игра ракомет за ракометниот клуб „Пелистер“ Битола.

Од 2007 година е член на Ракометна федерација на Македонија, како професионален ракометен судија - А категорија.

Во 2012 година е избран за координатор на Алумни клубот на Политичка академија за социјална демократија во организација на Прогрес - Институт за Социјална Демократија и Фондација Фридрих Еберт – Скопје.


СДСМ