Лични податоци:
Роден на 09.11.1989 година.
Образование:
Основното и средното образование ги завршува во Скопје.
Апсолвент е на политички студии на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Течно зборува англиски јазик.
Обуки:
Семинар на тема „Зајакнување на капацитетите на младите” во организација на Прогрес - Институт за Социјална Демократија и Фондација Фридрих Еберт- Скопје.
Недела на социјалдемократијата, зимска и летна школа во Србија.
Обука за тим билдинг во организација на невладина организација Моментум.
Партиска кариера:
Член е на СДСМ од 2006 година.
Во периодот од 2009 до 2011година е претседател е на Локалниот клуб на СДММ Кисела Вода.
Од 2011 до 2013 година е претседател на Градската организација на СДММ Скопје.
Во октомври 2013 година е избран за член на Централниот одбор на СДММ, а од декември истата година е потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Политичка кариера:
На локалните избори во 2013 година е избран за член на Советот на Општина Кисела Вода од редовите на советничката група на коалицијата „Сојуз за иднината“.