Лични податоци:
Роден е на 01.10.1992 во Штип.
Образование:
Основното и средното образование ги завршува во Штип.
Редовен студент е на Економски факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
Вонреден студент на Филолошки факултет, Англиски јазик и книжевност, при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
Течно зборува англиски јазик.
Обуки:
Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија, организиран од страна на Институт за економски стратегии и меѓународни односи (Охрид);
Обука за новите медиуми во политичката комуникација (Струмица, 2012);
Семинар за зајакнување на младинските капацитети „Политичко образование за млади политичари“ (Штип, 2012);
Серија работилници „Моќ и одговорност – демократија и граѓански активизам“, организирани од страна на Институт за социјална демократија, Фондација Фридрих Еберт – Скопје и Фондација Калеви Сорса (Охрид и Битола, 2013).
Партиска кариера:
Во периодот од 2011 до 2013 година е член на Извршниот одбор на Локалниот клуб на СДММ – Штип;
Од 2012 до 2013 година ја врши функцијата портпарол на Општинската организација на СДСМ – Штип;
Во октомври 2013 година е избран за член на Централниот одбор на СДММ, а од декември истата година е потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија.