E - Информатор

Раководство

Стефан Богоев

Претседател на СДММ

 

Лични податоци:

Роден е на 28.08.1989 година во Скопје.


Образование:

Во Скопје ги завршува основното и средното образование.

Дипломира во јуни 2011 на Бизнис Администрација, концентрација финансии при Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Во моментов е на постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Течно зборува англиски јазик.


Обуки:

Сертификат за учество на тренинг симулација под наслов „Shaping the future of EU, Politics and Bargaining, How to deal with interests and compromises?” организирана од страна на Конрад Аденауер Фондација и Цивик- Германски институт за меѓународна едукација (Октомври 2010). 

Учество на семинар под наслов „Зајакнување на капацитетите на младите”  во организација на Прогрес - Институт за Социјална Демократија и Фондација Фридрих Еберт- Скопје (Септември 2010).        

Сертификат за учество на семинар под наслов „Innovation management & generating ideas” организиран од страна на Resita network и University of Podgorica - Тиват, Црна Гора (Септември 2011).

Сертификат за учество на „Course for promising politicians” организиран од страна на фондација Фридрих Еберт Германија  (Ноември 2012).
                                                                                                                                     

Партиска кариера:

Бил Секретар на Локалниот клуб на СДММ во Карпош во периодот од октомври 2009 до ноември 2011 година.

Член на Извршниот и Централниот одбор на СДММ периодот од ноември 2011 до октомври 2013 година. 

Во октомври 2013 година е избран за претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.


СДСМ