E - Информатор

Раководство

Трајче Нешковски

Секретар на СДММ


Лични податоци:

Роден е на 31.07.1988 година во Гостивар.


Образование:

Во Гостивар ги завршува основното и средното образование.

Дипломира на Медицинскиот Факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Течно зборува англиски јазик.


Професионална обука:

Поседува сертификат од Политичка академија за Социјална демократија во организација на Прогрес-Институт за социјална демократија, Фондација Фридрих Еберт и Улоф Палме меѓународниот центар.

Учествува на “Course for promising politicians” организиран од страна на Фондација Фридрих Еберт (2013).


Партиски кариера:

Активно учествува на парламентарните избори 2006 година, парламентарните избори 2008 година, претседателските и локалните избори 2009 година и парламентарните избори 2011 година и локалните избори 2013 година.

Бил член на Извршниот oдбор  на локалниот клуб на СДММ во Гостивар во периодот од 2006 до 2007 година.

Бил шеф на младинскиот изборен подштаб во Гостивар за време на парламентарните избори 2008 година.

Член е на Централниот одбор на СДММ од ноември 2008 година.

Потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија од 2010 до 2011 година и од 2011 до 2013 година.

Во декември 2013 година е избран за секретар на Социјалдемократската младина на Македонија.


СДСМ