E - Информатор

Раководство

Сенад Смаиловиќ

Организационен секретар на СДММ


Лични податоци:

Роден е на 15.06.1987 година во Скопје.


Образование:

Во Скопје ги завршува основното и средното образование.

Студира на политички студии на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Течно зборува англиски јазик.


Обуки:

Во рамките на својата досегашна политичка кариера поминал голем број на обуки за политички менаџмент, младински политики и стратешко планирање.

Се издвојува неговото учество на престижната регионална социјалдемократска политичка академија позната како „Политичка школа Вучко “, и неговата поддршка на регионалната социјалдемократска соработка.

Сертифициран тренер е во областа на мултикултурализмот и етничкиот соживот.


Партиска кариера:

Бил член на Извршниот одбор на Локалниот клуб на СДММ Бутел.

На парламентарните избори одржани во 2008 бил шеф на општинскиот младински изборен подштаб. На парламентарните избори 2011 бил шеф на регионалниот младинскиот изборен подштаб за втората изборна единица.

Во два мандати бил член на Извршниот одбор на СДММ, во периодот од 2008 до 2009 и од 2009 до 2010 година. Во рамките на својот трет мандат во периодот од 2011 до 2013 година во Извршниот одбор на СДММ ја врши функцијата Организационен секретар на СДММ.

Во декември 2013 година повторно е избран за Организационен секретар на Социјалдемократската младина на Македонија.


Политичка кариера:

Во периодот од 2009 до 2013 година е член на Советот на Општина Бутел од редовите на советничката група на СДСМ.

На локалните избори во 2013 година е повторно избран за член на Советот на Општина Бутел од редовите на советничката група на коалицијата „Сојуз за иднината“.


СДСМ