НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Прес конференции

Директорот на ЈП Исар ќе се рекламира со пари на граѓаните

Прес конференција, ОО СДСМ Штип
Маријана Рогожарска, портпарол на ОО СДСМ Штип
Штип, 18.12.2015 год



Почитувани граѓани и претставници на медиумите,
 
Како се ближат изборите, забеганоста и лудилото на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ добива се поголеми размери.
 
По примерот на премиерот во заминување, Никола Груевски, кој потроши милиони евра пари на граѓаните, за себе промовирање, рекламирање и корумпирање на медиумите, се однесува и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.



Незаконски именуваниот директор на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев, нарачал реклама во списанието Балканика за сопствена промоција. Каква иронија, незаконски именуваниот директор се прогласи за најдобар менаџер за 2015 година.
 
Според информациите, за да се добие простор од две страници во ова списание потребно е да се издвојат 120 илјади денари и задолжително да се откупат 16 примероци од  списанието коишто чинат неверојатни 30 илјади денари.
 
Во последното издание на списанието, за работата на Бојаџиев се издвоени четири страници. Значи биле исплатени 270 илјади денари.
 
-Дали промоцијата на Бојаџиев е платена со пари на ЈП Исар односно со пари на граѓаните на Штип?
 
-Дали во „анализата“ на Балканика е опфатен фактот дека ЈП Исар секојдневно бележи 60% губиток на вода за пиење на патот од филтер станицата до крајните корисници?
 
Нарачаните промоции не можат да го прекриат лошото работење на ЈП Исар. Тоа граѓаните на Штип многу добро го знаат, го гледаат секој ден.
 
Затоа граѓаните имаат една заедничка идеја: Збогум Никола!

петок, 18 декември 2015




СДСМ