НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Прес конференции

Резултатите на градоначалникот Захариев се смрзнати ученици и училишта во долгови

Прес конференција, ОО СДСМ Штип
Јане Миланов, советник од СДСМ и коалициските партнери
Штип, 17.12.2015 год.

Почитувани,
 
Алармантна е финансиската ситуација во основното и средното образование во Штип. Задолженоста на општинските училишта изнесува преку 700 илјади евра.


 

Проблемот со долговите на училиштата е сериозен. Цената за неодговорноста на власта на ВМРО-ДПМНЕ  ја плаќаат децата и родителите.
 
Како што и предупредивме, учениците од ООУ Тошо Арсов и од СОУ Коле Нехтенин, за жал, зимската сезона ја дочекаа без доволно  нафта за греење. Учениците се смрзнати, и се принудени наставата да ја следат со јакни, капи и шалови.
 
Градоначалникот и советниците од ВМРО-ДМПНЕ за овие катастрофални состојби во образованието молчат и ништо не преземаат.
 
Тоа се последиците од работењето на градоначалникот Захариев и ВМРО-ДПМНЕ во образованието, смрзнати ученици и училишта во долгови.
 
Цената за расипничката политика на Никола Груевски ја плаќаат и граѓаните на Штип.  Не може да се потрошат 630 милиони евра за споменици а децата да немаат греење во училиштата.

Захариев и ВМРО-ДПМНЕ веднаш треба да излезат од своите топли канцеларии и да го решат проблемот со греење во училиштата во Штип.

Се работи за здравјето на младите, за иднината на државата.

 

 

четврток, 17 декември 2015




СДСМ