НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Активности

Еве од што се плаши Ставрески да одговори пред јавноста

Изјава за медиуми
Петре Шилегов, пратеник и претседател на Анкетната комисија за прислушувањето
Скопје, 17.12.2015

Како и Никола Груевски, денеска и неговиот кум, Зоран Ставрески, сакајќи да се сокрие од јавноста побара да сведочи на затоврена седница на Анкетната комисија.

 

Човекот главен реализатор на шемите „немаме за леб а трошиме за чоколадо“ Зоран Ставрески, како и Никола Груевски, се плаши од граѓаните, се плаши од вистината.

Се плашат од одговорноста за криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Многу има за криење Зоран Ставрески.

Затоа Ставрески сака да избега, да се сокрие од граѓаните.

Еве ги прашањата за Ставрески поради кои бега и се крие од јавноста:

1. Дали е ваш гласот на адуио материјалите? Дали некој од вашите разговори е неавтентичен, неточен и кој е тој разговор?

2. Дали во прислушуваните материјали ги препознавате гласовите на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков?

3. Во разговорите велите дека градоначалникот на Битола, Владимир Талески е криминалец и наведувате конкретни причини за тоа. Како чувар на државната каса, зошто не инициравте кривична пријава против тоа. Само да ве потсетам, господине Ставрески и непријавувањето ве прави соучесник во криминалот.

4. Зошто станот на улица „Димче Мирчев“ го имате купено на име на ваш близок роднина, а не на ваше лично име?

5. Велите дека Груевски ги терал двајцата министри, Пешевски и Јанакиевски да направат нешто незаконски и да потпишат со Кинезите. Во таа прилика велите дека тој изгубил контакт со реалноста. Можеме да ги чуеме разговорите помеѓу Груевски и Јанакиевски за митото кое го бара од Кинезите. Дали бевте информирани дека Груевски и Јанакиевски бараат 16 милиони евра мито од нив?

6. Јанкулоска ургирала за вас кај Зврлевски да ја отфрли кривичната пријава. На кој начин и со кој контрауслуги возвративте за ова кршење на законот? 

7. Чувме дека МВР набавувал мерцедес вреден 600 илјади евра за Груевски кој морал да биде криен за да не го видат граѓаните и новинарите. Што ќе изјавите како министер за финансии во поглед на фактот дека Груевски во разговор со Јанкулоска го издал и победникот пред тендерот да биде готов па во шифри вели “тоа на М.”

8. На кого точно мислевте кога рековте дека, цитирам, „ НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ“?

9. Дали сеуште мислите дека трошиме за чоколади, а немаме леб да јадеме?

10. Дали и зошто на сите на сите оние што не ви се покоруваат им се заканувате дека ќе им го загорчите животот и ќе ги удрите со чекан по глава, како што тоа го направивте со лицето К.Д. поранешен вработен во министерство за финансии?

Е, ова се прашањата коишто мислевме и мислиме и денеска ќе му ги поставиме на Зоран Ставрески. Во нив нема ништо тајно. Нема ништо класифицирано. Токму затоа, уште еднаш го повикувам Зоран Ставрески, да не се крие од јавноста. Да не бега од граѓаните на коишто им должи одговори.

Неговото денешно барање за затворање на седницата покажува дека и тој, како и Груевски, се фатени на дело, немаат одговор, немаат аргументи и затоа ги затвораат вратите од камерите и од јавноста.

Бегање од одговорност за целокупниот криминал во изминатите 10 години нема да има. Секој што го прекршил законот мора да одговара!

 

 

 

четврток, 17 декември 2015




СДСМ