НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

Прес 25 - (Видео, докази): Милионот кај Ивона, Груевски и Мијалков пресудиле за Сопот

Прес конференција
Панче Иванов, претседател на ОО СДСМ Велес
Велес, 23.04.2015 год.

Почитувани,

Проектот Вистината за Македонија продолжува. Граѓаните на Велес се приклучуваат во враќањето на слободата, демократијата и правдата во Република Македонија.

 

Денеска од Велес, од центарот на Македонија јавноста ќе ја слушне вистината за три скандали во коишто се инволвирани Никола Груевски и неговите соработници.

Пред да се чуе вистината за овие скандали, ќе слушнеме еден разговор помеѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски и Гордана Јанкулоска. Ќе слушнете како Димовски си нарачува притвор за свои сограѓани од Велес и бара помош од Гордана Јанкуловска, да се издејствува притворот со помош на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Јанкулоска се нуди за помош, ќе притиснела ако треба кај Јавниот обвинител, и, како што вели самата „ако треба кај Марко ќе ургираме“.

Овој разговор потврдува дека директната контрола на власта над обвинителството и партиската сервилност на Зврлевски одела дотаму што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ можеле да си нарачаат и притвор за некои свои сограѓани. Дотаму оделе злоупотребите на власта.

Да го слушнеме овој разговор.

 

Продолжуваме со објавувањето на вистината за три скандали во коишто се инволвирани Никола Груевски и неговите соработници.

Првиот е случајот Визарис. Се сеќавате како Ивона Талевска се обидуваше да докаже дека не стои зад фирмата и негираше дека милион евра легнале на нејзина сметка, па дури покрена и тужби. Епа легнале и повеќе од милион. Тоа ќе го слушнете од нејзина уста.

Се сеќавате дека Јанкулоска и Груевски се оградуваа од политичка вмешаност во случајот Сопот?
Епа вмешани се. Она што ќе го слушнете е класична потврда дека судските пресуди се носат по консултација со Никола Груевски.

Се сеќавате на информациите за случајот во којшто синот на собранискиот претседател, Вељаноски беше фатен со дрога, на граница? И како се обидуваше власта на Груевски да го замачка случајот? Епа го замачкале со директно знаење на Никола Груевски. Фамилијарните членови на власта се привилегирани дури и во вакви случаи.

Но вистината е една и единствена и од неа нема бегање.

Вториот разговор за денес е помеѓу главниот и одговорен уредник во Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас и познатата уредничка  - бизнисменка Ивона Талеска.

Овој разговор, од почетокот на 2013 година, целосно ја потврдува вистинитоста на сето она што СДСМ го објави пред повеќе од една година, поврзано за милионскиот скандал со фирмата „Визарис“.

Јавноста ќе слушне како Ивона Талевска, лично, потврдува дека таа стои зад оваа фирма, па дури дека „сама била таму“. Ќе слушне дека Талевска знаела, како што вели, дека „ќе помине Визарис“, и тоа неколку месеци пред да се реализира тендерот за избор на фирмата од страна на Министерството за здравство.

Ќе ја слушнете потврдата на Талевска: „Во 2013-та, на крај, 1 милион и 300 илјади евра ќе легнат на моја сметка, на Визарис“. Додека да и легнат парите на сметката, Талевска вели дека ќе живее како „мечка у пештера“ и нема да се „луксузира“, за да не се прават потреси.

Слушнете ја вистината за милионскиот скандал „Визарис“

Во продолжение следува разговор кој уште еднаш, многу јасно потврда дека судските пресуди во Македонија се носат надвор од судовите и дека за нив одобрение треба да даде Никола Груевски.

Таков е примерот и со случајот Сопот. За потсетување, станува збор за судски процес по трагичен настан кој се случил пред 12 години и во којшто, од подметната експлозивна направа, загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден македонски државјанин.

Од разговорот помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, јавноста ќе слушне како судските одлуки за одредени случаи биле предмет на коалициски пазарења и договарања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Ќе слушнете како Сашо Мијалков, потврдува дека уште при формирањето на владата нешто било договарано за судскиот предмет Сопот, но ништо конкретно.  

Ќе слушнете како одело договарањето на пресудата за Сопот и дека барањето од коалициониот партнер е ослободителна пресуда. Ќе слушнете како Мијалков може, како што самиот вели, да зборува со судство и „може да се направи и вака и така“.

Јанкулоска и Мијалков калкулираат со можните сценарија за пресудата. Што би значело ако договорат  повлекување на обвинението и дали може во таков случај засегнатите да не покренуваат тужби. Ја разгледуваат можноста за помилување, па намалување на казната или предвремено пуштање. Проценуваат дека ослободителна пресуда не би звучела убаво ниту за целото судство. Мијалков смета дека е најдобро да се донесе судска пресуда па потоа да се оди на помилување.

На крајот од разговорот ќе слушнете како Мијалков и Јанкулоска заклучуваат дека е најдобро да зборуваат со Никола Груевски. Тие ќе ја донесат пресудата за Сопот.

Да ја слушнеме вистината

Последниот разговор за денес, помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски, потврдува уште еден скандал.

Јавноста ќе слушне потврда дека синот на Трајко Вељаноски, на позицијата претседател на Собранието, бил фатен со дрога при влез во Грција.

Ќе слушне дека за Гордана Јанкулоска и Никола Груевски синот на Велјаноски е проблематичен и дека целиот случај е „апла“, „скандал“.

Ќе слушнете како, од позиција министер за внатрешни работи, Јанкулоска вели дека синот на Велјаноски ја поминал границата на Република Македонија без да биде проверен. За Јанкулоска тоа е нормално затоа што е „син на претседателот“ на Собранието.

Но скандалот не завршува тука. Јанкуловска потврдува дека од страна на, како што самата вели, „нашите“ од МВР, се правеле напори за да се ослободи синот на Велјаноски и никаде да не се запишува.

Никола Груевски сето ова го аминува, не реагира. Само крои план како да го извести Велјаноски дека е запознаен што се случило, но без да му соопшти кој му ја доставил информацијата. 

Слушнете ја вистината

Почитувани граѓани,

Ве повикувам да се избориме заедно, ова зло никогаш да не се повтори.

Продолжуваме...

 

четврток, 23 април 2015




СДСМ