НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

Прес 16 - (Видео) Кеш и бандити за Груевски да го освои Куманово

Прес конференција,
Мартин Костовски, Претседател на ОО СДСМ Куманово
Куманово, 02.04.2015 год.

Почитувани граѓани,
 
Проектот Вистината за Македонија продолжува за враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава да допре насекаде.

 

Денеска сме во Куманово, големата болка на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Општината којашто Груевски со соработниците, и покрај изборниот грабеж, злоупотребите, местенките и валканите игри, не успеаја да ја освојат.
 
Јавноста денеска ќе го слушне она што ние во Куманово веќе го знаевме. Како за време на изборите МВР работи за партиските цели на ВМРО-ДПМНЕ. Како се делени огромни суми на пари во кеш. Како власта соработувала со, како што самите велат, “бандити“. Како опозицијата е попречувана за време на изборниот процес. По секоја цена да се освои Куманово.
 
1) Во првиот разговор за денеска, ќе слушнете како Гордана Јанкулоска, договара на кој начин да функционира коалицијата во Куманово помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски, тогаш дел од Српската напредна странка.
 
Како со извесен Горан од Старо Нагоричане е договарана соработка со, како што вели Јанкулоска “некој круг на такви бандити како него“.
 
Како Кирил Божиновски бара “специјална стратегија за Ромите“, тој се изразува вулгарно за овие наши сограѓани.
 
Еве го тој разговор.


 

2) Во вториот разговор ќе слушнете како за партиските потреби на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово се обезбедени и злоупотребени списоци на припадниците на резервниот состав на АРМ.
 
Како извесен Ристе и реферира на Јанкулоска дека успеале да ги “фатат“, како што вели, “фирмите, стечајците, бандитите, криминалците“, `се.
 
Да слушнеме.
 
3) Следува сет од два разговори. Едниот разговор е помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров. Јанкулоска, од позиција на министерка за внатрешни работи, потврдува дека се ветени големи суми пари во кеш, 75.000, за партијата на Драгиша Милетиќ. Лично Јанкулоска ургира кај Тодоров и кај генералниот секретар на Владата и на партијата, Кирил Божиновски, да се достават овие пари што побрзо.
 
 
4) Во следниот разговор Кирил Божиновски потврдува дека тој дал пари во кеш и тоа, внимавајте, не 75 туку 225 илјади - за, како што вели, помалите етнички заедници. Ќе слушнете како Јанкулоска признава дека се прават “бандитски работи“.

Да ги слушнеме овие два разговори.
 
5) Петтиот разговор е помеѓу Гордана Јанкулоска и вицепремиерот во Владата, Владимир Пешевски. Ќе слушнете како Јанкулоска и Пешевски договараат како да се спречат возилата што ги користи СДСМ, да ги запре полиција и да ги прати на вонреден технички преглед.
 
Во овој разговор Јанкулоска признава дека Министерство за внатрешни работи одбработува за ВМРО-ДПМНЕ и потврдува дека целиот врв на МВР, со денови е во Куманово.

Слушнете.
 
6) Последниот разговор за денеска е помеѓу Гордана Јанкулоска и Виктор Цветковски. Тој разговор само го потврди она што сите во Куманово го знаеме, дека и тој одработувал за интересите на ВМРО-ДПМНЕ

Еве слушнете.

Почитувани граѓани,

Ова е класичен изборен криминал. Ова во Куманово не им помина и нема да им помине.

Дури ни со вакви изборни криминали ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ја промени волјата на граѓаните на  Куманово. 

Граѓаните на Куманово му кажаа големо, огромно НЕ на Никола Груевски и неговото газење на демократијата и слободата.

По објавувањето на вистината за Македонија, сите граѓани на Република Македонија, без разлика на етничката припадност му велат НЕ на Никола Груевски.

Да не дозволиме ова зло повеќе да се повтори.

Продолжуваме...

 


 

четврток, 02 април 2015




СДСМ