Активности
27.01.2016
Претседателот Заев со честитка по повод празникот Свети Сава
Нашата цел е градење општество во коешто ќе се почитуваат традиционалните вредности и културните особености на сите заедници во Република Македонија
Повеќе »
27.01.2016
Поддршка во тетовско за ставот на СДСМ: Не прифаќаме нефер избори
Цврсто стоиме на одлуката дека нема да учествуваме на шверцерски закажаните избори на 24 април, затоа што не се исполнети клучните услови за фер и демократски избори. Мора да се прочисти Избирачкиот список, да има Избирачки список во којшто ќе веруваат сите политички субјекти и граѓани и да се обезбеди објективно известување на медиумите
Повеќе »
27.01.2016
(Видео) Китев: Предлагаме мирување на бруталните казни за администрацијата
основната цел на предлогот е да се создаде оценување коешто ќе биде прифатливо и од административните службеници, но од друга страна истото да добие согласност и од синдикатите, невладините организации, но и од власта и од опозицијата. Само со заеднички консенсзус може да се каже дека тоа оценување ќе има некоја смисла, рече пратеникот Бетиане Китев во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија
Повеќе »
27.01.2016
(Видео) Куновска: Оценување на администрацијата не може да прави тоталитарна власт
Во оваа земја во моментов има 0 политичка волја за реална оценка на членовите на администрацијата. А без таа волја, останува единствено одговорноста за нестручноста и некомпетентноста на раководните структури во партизираните институции да се пренесе на тепачите и лепачите на плакатите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Затоа сметам дека не е здраворазумски да се полемириза со аргументи со вака корумпирана недемократска власт како што е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, рече пратеничката Софија Куновска во однос на предлогот...
Повеќе »
27.01.2016
Манчевски: Парите кај граѓаните, новата влада на СДСМ ќе ги промени приоритетите
Груевски не го интересираат проблемите на граѓаните, тој после 10 години расипничка власт сега единствено се бори за спас на сопствената кожа. Нема пари за пат и водовод, што се основни потреби за нормален живот на граѓаните додека Груевски и фамилијта потрошија над 630 милиони евра за споменици
Повеќе »
26.01.2016
(Видео) Локвенец: Казнувате селективно со Законот за пушење
Нашето барање со овој предлог на закон е точно да ги дефинираме односите. Точно да ги дефинираме поимите, граѓаните точно да знаат што е дозволено, а што не е дозволено. Никаков интерес не ни е да го полниме Буџетот со казни репресивно, туку со стимулација и креирање на услови за позитивно, дополнително работење на економските оператори, рече пратеникот Хари Локвенец во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија...
Повеќе »
26.01.2016
Голем скандал во МЗШВ, министерот Цветков делел тендри на Силекс додека бил член на Управниот одбор
Продолжуваме со откривање на злоупотребите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Повеќе »
26.01.2016
(Видео) Шилегов: Груевски остана без моќ и го одржа најпримитивниот говор
Груевски е човек кој што се заканува на сите кои што не размислуваат како него. Се што ве интересира од овој закон е дали може да влезете да изрекетирате некое кафуле или кафана. Сето она што треба да се направи со измената на овој закон е да на местата со коишто во веќе постојното законско решение е дозволено пушењето, да бие дорегулирано како материја, рече Петре Шилегов во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, на 85-тата седница на Собранието на...
Повеќе »
26.01.2016
(Видео) Силјановска: Заради лошиот закон опадна прометот, профитот и работата на угостителските објекти
Неспоред е фактот дека актуелните, постоечките законски решенија драстично ја намалија посетеноста во ресторани, кафеани, диско клубови и други угостителски објекти, што доведе до опаѓање на финансиската и економската моќ на сопствениците на угостителските објекти. Тоа пак од друга страна доведе и до отпуштања на голем број вработени во оваа дејност. Имено, се калкулира со бројка од околу 8000 луѓе, коишто во овој период од донесување на законот го загубија своето работно место, рече...
Повеќе »
26.01.2016
Средба на Заев со претседателот на Партија на Македонците во Србија Горан Илијевски
Очекувам да се зајакнат врските со Македонија и взаемно да се градат односите помеѓу двете земји. Ви посакувам да имате успех во ваша убава мисија за сите нас. Сметајте на нас, ја имате нашата поддршка
Повеќе »