Активности
03.02.2016
Од чистење на канали до нова телевизија: Како Груевски го награди Кочан со близу 700.000 евра
Уште еднаш се потврдува дека медиумскиот мрак, пропагандата и медиумските хајки се платени со пари на граѓаните.Сеад Кочан кој е сопственик и на Трансмет и на ТВ „Нова“ гледаме дека само во една година добил близу 700 000 евра буџетски пари
Повеќе »
03.02.2016
Ременски: Без фер избори не е можна нормализација и стабилизација на Македонија
Институциите одамна се претворени во партиски штабови. Без партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ не можете да ги остварите своите права. Партиски активисти наместо социјални инспектори, со списоци во рака, одат од врата на врата и уценуваат. Затоа ја вративме контролата кај граѓаните
Повеќе »
03.02.2016
Заев во Штип: Целта ни е искрена и исконска, се вика Македонија!
На слободни, фер и демократски избори ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе дојдат промените. Ќе истраеме до крај во оваа борба. Целта ни е искрена и исконска, се вика Република Македонија. Нашата таковина да тргне напред
Повеќе »
03.02.2016
Интервју на заменик министерот за финансии Наумов за Капитал
Интервју на заменикот министер за финансии и претседател на Комисија за финансии на СДСМ, Кире Наумов за Капитал
Повеќе »
02.02.2016
Заев по средбата со Села и Мемеди: Согласни сме, императив се фер избори
Сакаме да ги информираме граѓаните дека оваа заеднички иницирана средба е во духот на потврда на нашите заеднички ставови, веќе соопштени пред јавноста, а тоа е дека сите заедно стоиме на гледиштето дека на 24 април е невозможно да се оди на избори, заради неисполнетост на условите, но и истовремено ми е драго што заедно негуваме ставови дека императив за иднината на Република Македонија се фер, регуларни, демократски и слободни избори
Повеќе »
02.02.2016
Наумов во Куманово: Секое бебе се раѓа со 2.000 евра долг, но ставаме крај!
Секој ден власта ја задолжува Македонија со нови 3 милиони евра. Тоа значи дека секое новороденче се раѓа со долг од 2.000 евра. Овој вртлог од задолжувања мора да го спречиме
Повеќе »
02.02.2016
Кирацовски: Ден по инцидентот во Куманово, 2.600.000 евра за Сител, Канал 5 и Алфа
На Сител власта на Груевски префрлила над 930.000 евра, на Алфа над 930.000 евра, на Канал 5 над 820.000 евра! Додека семествата на загинатите полицајци беа во болка, стотици семејства лелекаа по домовите, јавноста се прашуваше што се случува, Груевски мислел на милионите народни пари за Сител, Алфа и Канал 5? Што платил Груевски?
Повеќе »
02.02.2016
Кирацовски во тетовско: Промените доаѓаат и запирање нема
Ако ја погледнете ситуацијата поврзана со избирачкиот список и медиумската сфера, апсолутно е јасно дека нема услови за одржување на фер и слободни избори на 24-ти Април, оваа година. 13 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во само три провладини телевизии. Тоа е најдиректна потврда дека медиумскиот мрак е платен со пари на граѓаните и дека Груевски не сака слободни медиуими затоа што нема да може да ги контролира
Повеќе »
02.02.2016
Манчевски во виничко: Поради криминалното владеење на фамилијата нема водоводи и патишта
Поради криминалното владеење на Груевски и фамилијата немате нови патишта, немате водовод и канализација. Ама затоа во Скопје има споменици од 630 милиони евра, фонтани, барокни фасади. Тоа беа приоритетите на Груевски за лично богатење. За СДСМ приоритет е градењето на стабилно, слободно и еднакво општество на сите граѓани
Повеќе »
01.02.2016
Средба Заев – Рот: Круцијални за изборите се чист список и регулирани медиуми
Државната изборна комисија како независна институција чијашто обврска е Избирачкиот список треба да ги соопшти роковите за прочистување на списокот во којшто мора да имаат доверба сите политички субјекти во државата и граѓаните. Од голема важност за предизборниот и изборниот процес е да се обезбеди и објективно известување, бидејки најголем дел од медиумите се под контрола на власта
Повеќе »