Изјава за медиуми
Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ
Скопје, 18.01.2016
Почитувани граѓани,
Програмата за проекти од национален интерес што ја донесе Министерството за култура е Програма за проекти од партиски интерес.
Токму такви проекти доминираат во Програмата.
Имаме сознанија дека комисиите не биле самостојни во изборот на автори кои треба да добијат пари за проекти.
Комисите внесувале во Програмата имиња по налог.
Според информациите што ги имаме и годинава доделени се пари главно на непознати автори.
Конечните верзии на т.н проекти на авторите и на Програмата се кроеле во партиски штабови и во кабинетот на министерката Канчевска Милевска.
Усвоената програма од страна на Министерството за култура не поддржува уметнички квалитет.
Се подржуваат во голем дел кич проекти на естрадни ѕвезди и манифестации поврзани со власта или аматерски проекти, во коишто го нема ни основното – резиме.
Ете затоа Министреството за култура ја објави годишната програма во викенд, среде празници – за да се обиде да ја сокрие од јавноста и од фелата.
Министерството за култура продолжува да ги поддржува мегаломанските проекти и тендери во стилот на владеењето на Никола Груевски.
Не го интересираат културните работници, уметниците и публиката.
Истражувањата на СДСМ покажауваат дека во целокупниот буџет на Министерството за култура, финансирањето на културните дејности континуирано опаѓа, од 53% во 2006 на 18% во 2011 година.
Најголемиот дел од средствата, преку 72%, се трошат на градежна оператива и слични интереси на власта.
Една од најважните мерки на СДСМ во Програмата е Реформа на системот на финансирање на културата.
Ќе го преиспитаме актуелниот модел на финансирање на националните институции и на проектите од национален интерес, ќе ја унапредиме застарената поделба на дејности и сектори и ќе го воведеме принципот на растојание (arm’slength) во нивното менаџирање.
Ќе овозможиме посебни фондови за различни домени во културата, коишто ќе добијат јасен и подолгорочен мандат и автономија и целосно ќе ја преземат одговорноста за изборот на проекти.