Прес конференции
Ременски во прифатниот центар Табановце: Завршени повеќе активности за подобрување на условите
Изјава за медиуми
Фросина Ременски, министерка за труд и социјална политика
16.01.2016
Денеска сум во посета на прифатниот транзитен центар – Табановце, со цел да се направи увид во сите активности коишто се од надлежност на Mинистерството за труд и социјална политика. Активности во однос на координирање на активностите на невладиниот сектор, во однос на доставата на хуманитарната помош за бегалците, во однос на функционрањето на сите објекти коишто згрижуваат лица коишто транзитираат низ Р. Македонија, особено во делот на жените и мајките со деца.
Сакав да се запознаам со сите завршени активности коишто беа обврска на Министерството за труд и социјална политика, да ги средиме во дел на камповите, и во Табановце и во транзитниот центар Винојуг.
Тоа во најголем дел од активностите беа крупните зафаќања со донесување на трајна струја во камповите и обезбедување на предуслови на загревање на објектите наменети за бегалците.
Сакам да потсетам дека со тој аспект на активностите на министерството имаше доста манипулации и шпекулации во медиумите, особено од аспект на тоа дека наводно некој не сака да пристапи кон исполнување на обврските. Меѓутоа во повеќе јавни настапи кажав дека Министерството за труд и социјална политика и јас како министер договорот со ЕВН во делот на обврските за донесување на трајна струја до прифатните транзитни центри беше потпишан на 30.11.2015.
Во најбрз можен рок беа направени сите подготовки за да може да се пристапи кон донесување на трансформатор со целокупните активности на фирмите кои ги направија електричните премрежувања во кампот за да може да се обезбеди функционалност на камповите по однос на греење, функционирање на сите институции кои имаат свои активности и обврски тука. Mислиме и на МВР и на Црвен Крст меѓутоа и на невладините организации коишто во најголем дел го носат товарот при помошта на бегалците.
Оттука, сакам да изразам и една голема благодарност до невладиниот сектор, до сите организации кои се вклучени во спроведување на активностите за грижа на оваа ранлива категорија на луѓе коишто транзитираат низ Република Македонија и досега покажаа дека многу совесно и хумано ја извршуваат својата задача.
Во овој дел сакам да напоменам увидени се дел од пропустите направени од страна државните институции по однос на помошта на НВО секторот во нивната активност и грижа за бегалците и земаме обврски сите нотирани забелешки кои ги добивме од НВО секторот во најбрз рок да ги остраниме. Со цел на НВО секторот што го носи најголемиот товар на активностите во прифатните транзитните центри да им ги остраниме и да им ги создадеме условите за работа.
Министерството за труд и социјална политика во моментот спроведува голем број на активностите коишто треба да ги засилат подготовките за периодоот со кои се очекува поголем прилив на бегалци.
Претпоставуваме тоа ќе биде периодот кога временските услови ќе бидат поповолни. Во таа насока спроведуваме неколку постапки и во делот на набавка на храна, да има доволно доколку се создадат вонредни ситуации, во подготовка на набавување на душеци, целокупна опрема доколку се создаде некаква состојба на вонредна ситуација.
Од меѓународната заедница и меѓународните претставници и комуникацијата што ја имаме со нив добиваме информации дека ќе настане некаква промена во политиката на бегалците од страна на земјите членки на ЕУ. Веќе постојат најави за затварање на граници и ограничување на бројот на бегалци што можат да бидат прифатени од земјите од ЕУ.
Тоа ќе наметне дополнително редефинирање на некои одлуки и во земјите од западен Балкан и РМ. Во таа насока сакам да истакнам дека треба да се зафатиме со подготвување на план Б во случај да имаме такви одлуки и да бидеме приморани како држава да променуваме некакви одлуки што се веќе донесени. Оттука, кака министерство ќе иницираме одредени активности кои што треба да бидат навремено преземени до Управувачкиот комитет којшто ги носи одлуките и делегира задолженијата кон институциите по однос на подготовка на некое такво сценарио кое што ќе наметне дополнителни активност и вонредени напори.
Се разбира тука не е само министерството за труд и социјална политика што ги има обврските,тука се сите останати државни институции и органи кои што интер ресорски мораме да ги координираме активностите и да не ни се случи пропуст кој би можел да донесе некакви непредвидливи ситуации.
Исто така сакам да се заблагодарам на сите донатори кои што одвоиа финансиски средства за навладиниот сектор меѓутоа и за институциите во Република Македонија да можат да ги спроведуваат сите овие активности за кои што денеска сведочиме, Европската банка од кои што добивме и потпишавме грант од 2,5 милиони евра кои што со план ги користиме.
Со УНХЦР и со сите останати кои што навистина ја сватија подготвеноста на институциите за да можат да ги ослободат финансиските средства во одност на планираните активности кои што ке ги пројавиме.Тоа не значи дека идеални услови има во камповите , јас се согласувам дека секогаш можеме подобро.
Кампот Табановце во однос на кампот Винојуг има многу повеќе предности тоа исто така може да послужи да дел од активностите тука послужат како пример за функционирање во прифатниот транзитен центар во Гевгелија. Правиме напори на заедничка координација, се што е недостаток во Гевгелија да го отстраниме, меѓутоа и се што е недостаток во Табановце да го отстраниме.
Тука сме сега, но ние сме и секојдневно во комуникација со луѓето кои што функционираат тука, меѓутоа да изразиме и едно уверување до пристуните тука дека сите нивни нотирани забелешки ке ги земеме во предвид и ке бидат отстранети во најбрз можен рок.
сабота, 16 јануари 2016