НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

СДММ: Младински камп - Ситуацијата во Македонија и што понатаму

Соопштение за јавност – СДММ, Ситуацијата во Македонија и што понатаму, 02.07.2015 год.

Почитувани,

„Ситуацијата во Македонија и што понатаму” е темата на којашто младите социјалдемократи во наредните четири дена ќе дебатираат на традиционалниот, осми по ред, младински камп којшто се одржува во Охрид.

Гостин на младинскиот камп, традиционално, ќе биде претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој со младите ќе дебатира за актуелните случувања во земјава и за Македонија после Груевски.

Денеска, работниот младински камп го отвори претседателот на СДММ, Стефан Богоев. Во обраќањето Богоев им посака добредојде на присутните и изрази задоволство што конечно, после толку години можеме да кажеме дека се гледа светлото од крајот на тунелот, се гледа слободата за Македонија и нејзините граѓани.

Оваа година, како резултат на политичките случувања гости се високи претставници од раководствата на IUSY (International Union of Socialist Youth – Меѓународна унија на социјалистичката младина) YES (Young European Socialists – Млади европски социјалисти), како и претставници на сестрински подмладоци од регионот.

Генералниот секретар на IUSY, Евин Инчир изрази силна поддршка за Република Македонија и солидарност во борбата за демократија. “Затоа што посилни сме кога заедно се бориме против авторитарниот режим и репресијата” – посочи Инчир.

На Кампот ќе се усвои и “Резолуција за состојбите во Македонија, Балканот и што понатаму” иницирана од IUSY како поддршка за македонските граѓани и сите оние кои се вклучени во борбата за заминување на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамки на кампот, на којшто учествуваат над 90 млади луѓе, ќе се реализираат голем број на едукативни презентации, работилници, како и специјални обуки поврзани со политичката кампања.

Летниот камп е во организација на СДММ, во соработка со Институтот за социјална демократија “Прогрес”, а со поддршка од фондацијата “Макс Ван Дер Штул” од Холандија. 

 

четврток, 02 јули 2015




СДСМ