НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

Шилегов: Што се крие во бизнисот со грчки Актор?

Прес конференција, СДСМ
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 07.03.2014г

 

Почитувани,

На Премиерот Груевски му поставивме конкретни прашања околу реализација на проектот Демир Капија Смоквица, на коишто наместо него, реагираше неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Бидејки Никола Груевски е најдобро упатен во доделениот бизнис на компанијата од Република Грција, Актор, и од неговата партија е можно да не се добро запознаени, посебно околу финансиските аспекти, го повикуваме Премиерот, тој лично да одговори:

-ДАЛИ ВО ИЗВЕДУВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРОЕКТ СЕ ПОЧИТУВААТ ЕВРОПСКИТЕ ДИРЕКТИВИ НА ИСПЛАЌАЊА НА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ, ШТО Е ОБВРСКА ЗА КОРИСНИКОТ НА ПАРИТЕ, ВО СЛУЧАЈОВ ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

-ДАЛИ ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ЗЕМЈАВА СПРОВЕДУВААТ СООДВЕТНИ КОНТРОЛИ ЗА ТРОШЕЊАТА ПАРИ ШТО ДОАЃААТ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА?

-ИЛИ МОЖЕБИ ВО ОВОЈ ПРОЕКТ ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКИ ИНСТИТУЦИИ СЕ КРИЕ НЕШТО СОМНИТЕЛНО ВО ОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ СОУЧЕСНИШТВО НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НА ЧЕЛО СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ?

Премиерот Груевски на 25-ти јануари годинава, при посетата на автопатот изјави дека до тој момент се инвестирани 46 милиони евра, а податоците покажуваат дека заклучно со 3-ти февруари, односно 9 дена по оваа изјава на Груевски, на Актор во Скопје му се исплатени 32 милиона евра, прашуваме:

КОЛКУ ПАРИ СЕ ИСПЛАТЕНИ НА ФИРМАТА АКТОР ДОСЕГА, 46 МИЛИОНИ ЕВРА ИЛИ 32 МИЛИОНА ЕВРА?

Како што потврди и ВМРО-ДПМНЕ во прашање се, во најголем дел, трошења европски пари. 220 милиони евра се заем од европските банки, 45 милиони евра се Грант од ЕУ и само 6 милиони евра се пари од Буџетот. Бидејки се работи за угледот на Македонија пред европските инстуции и за пари што ќе ги враќаат македонските граѓани го повикуваме Никола Груевски да одговори на поставените прашања денеска и да ги објасни поставените сомнежи: 

-Зошто километар автопат ги чини граѓаните 10 милиони евра?

-Зошто е прифатена поскапата понуда од Актор, кога на тендерот за изградба на автопатот имало понуда пониска за дури 40 милиони евра?

-Посебно, како компанијата Актор знаела колкава понуда да достави, со којашто ги исцрпела безмалку сите 258 милиони евра, обезбедени за автопатот? Грчката фирма доставила понуда од 257 милиони евра и го добила бизнисот за негова изградба.

Бидејки во последно време на премиерот Никола Груевски му е омилена посетата на автопатот во изградба Демир Капија - Смоквица и по медиумите гледаме дека е упатен за сите детали околу изградбата, го повикуваме Груевски да и објасни на македонската јавност:

-Што има ново премиере?

-Ќе ја информирате Вие јавноста за деталите или ние тоа да го сториме ?


 

петок, 07 март 2014




СДСМ