НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Активности

21.12.2015

(Видео) Георгијев: Во вашите лавиринти згасна животот на малата Тамара

Вие бевте тие кои одозгора дававте негативно мислење за лекување на Тамара. Вие бевте тие кои рековте да престанат донациите бидејќи се обезбедени пари. Македонија е на последно место во Европа по задоволство на граѓаните од здравствени услуги. Ако малку имате чесност и доблест, ве повикувам да поднесете оставка, рече пратеникот Ален Георгијев во однос на Интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, на 80-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

21.12.2015

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ ја кочи работата на Специјалното обвинителство

Денес ВМРО-ДПМНЕ продолжи со директно кршење на договорот од Пржино.Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против законот конечно да се оформи тимот на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева. Повеќе »

21.12.2015

Николовски: Земјата мора да се врати во рацете на вистинските земјоделци

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вчера оствари средби со жителите на Црнилиште, Мустафино и Амзибегово. Повеќе »

21.12.2015

(Видео) Шахпаска: Тодоров, го уништивте здравството, одете си!

Вие како правник не знаете дека од лоша регулација на крвниот шеќер компликациите се погубни: срцев инфаркт, мозочен удар, дијализа, слепило. Покажете дека сте човек од крв и месо кој е свесен за грешките. ДОСТА БЕШЕ! Покажете доблест и одете си од министерската позиција во здравството, рече пратеничката Јагода Шахпаска во однос на Интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, на 80-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

21.12.2015

Заев: Незапирлив е процесот на правдата и вистината

Специјалното јавно обвинителство, како независна институција, роди надеж за сите граѓани на оваа држава дека се враќа процесот на вистината, на правдата. Македонија е тргната кон промени. Незапирлив е процесот на враќање на слободата, правдата, вистината и демократијата Повеќе »

20.12.2015

(Фото) Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ, Дарувај од срце

Целта на оваа хуманитарна акција е да се помогне на социјално загрозените семејства во Република Македонија, преку донирање топла облека и обувки Повеќе »

19.12.2015

Богоев во Шведска: Програмата на СДСМ ќе ги задржи младите дома

СДСМ има реална и остварлива Програма што ќе ги задржи младите дома. По изборите младите активно ќе ја градат иднината на својата земја, рече Богоев Повеќе »

19.12.2015

СДСМ има конкретни мерки за намалување на загаденоста, треба веднаш да се спроведат

СДСМ знае што треба да се направи. Веднаш треба да се воведат субвенции за градскиот превоз, да вклучат поголем број домаќинства на централното парно греење, да се обезбедат грантови за инсталирање на соларни панели, да се забрани сечата на дрвата во Скопје, да се одвојат повеќе средства за заштита на животната средина. Ние се грижиме за интересите на граѓаните и нивното здравје Повеќе »

18.12.2015

Шилегов во „Студио“ на Нова ТВ

Претседателот на Анкетната комисија во Собранието на РМ за скандалот со прислушување, Петре Шилегов, гостин во „Студио“ на Нова ТВ Повеќе »

18.12.2015

Дисциплински постапки за раководителите кои побегнаа од работните места

Министерот наместо да си поднесе оставка денеска имаше уште еден неуспешен обид да не спречи да ја кажеме вистината за нивното владеење, за прекршување на законите и злоупотреба на службената должност и позиции Повеќе »

Предходни      16  17  18  19  20  21  22  23  24  25    Следни

СДСМ