НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

Милионите кај провладините медиуми ја потврдија потребата за регулација на медиумскиот простор

Соопштение за јавност


Колку ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните покажа денеска со тоа што го испрати Илија Димовски, човекот што се закануваше со „спружување на насловна“ страна, да говори за европски стандарди во медиумите.

Граѓаните ги видоа „стандардите“ на ВМРО-ДПМНЕ што донесоа медиумски мрак, корупција и злоупотреба на медиумите за извртување на вистината, платени со пари на граѓаните.

Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони милиони евра, пари на граѓаните!

Затоа Никола Груевски не сака слободни и објективни медиуми.  Бидејќи нема да може да нарачува прилози, очајно и безобразно да лаже, а тоа да се врти по цел ден на телевизиските програми.

Милионите на сметките на Сител, Алфа и Канал 5, пари на граѓаните, се една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ цело време го кочи спроведувањето на Договорот од Пржино и неговата имплементација во целина.

ВМРО-ДПМНЕ ги проби сите рокови и тоа за повеќе месеци. За медиумите требаше се’ да се заврши на крајот на август, минатата 2015 година, а прочистувањето на Избирачкиот список е незавршена обврска поради доцнење на изборот на ДИК цели 5 месеци.

Јасно е, Никола Груевски се плаши од фер, слободни и демократски избори затоа што ќе го стигне казната што им украде 10 години живот на граѓаните и ќе се соочи со одговорноста за целокупниот криминал.


Скопје,  01.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА


понеделник, 01 февруари 2016




СДСМ