НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

Офицерски дом да биде вратен во трајна сопственост на битолчани!

Изјава
Зоран Стојчевски, советник СДСМ Битола
Битола, 01.02.2016 год



Почитувани,

Покажавме дека заедно можеме да ја натераме власта во заминување да го повлече огласот за продажба на Офицерскиот дом во Битола.

Заеднички го спречивме обидот на ВМРО-ДПМНЕ да го раскрчмува симболот на Битола.

Но, не е доволно само повлекување на огласот за продажба на Офицерскиот Дом.



Битола и битолчани заслужуваат тој да им биде вратен во трајна сопстеност и да биде комплетно реконстуиран.

Затоа денеска СДСМ поднесе барање за вонредна седница на Советот на Општина Битола на којашто бараме:
 
1.     Враќање во трајна сопственост на Домот на АРМ на општина Битола со забрана за оттуѓување на истиот.
2.     Издвојување на финансиски сретства од буџетот на Р.М. за целосна реконструкција на Домот на АРМ.

Ги повикуваме сите битолчани, да ни се придружат на протестот во среда,  03.02.2016 , во 18 часот, заедно да се избориме за Офицерски.

Заедно за Битола!

понеделник, 01 февруари 2016




СДСМ