НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

Груевски е сноним за корупцијата што однесе безброј работни места

Соопштение за јавност


 
Никола Груевски не е повеќе премиер.  Како синоним за корупција, криминално владеење и промашени економски политики во изминатите 10 години Никола Груевски е последниот што може да зборува за вработувања и инвестиции.

626.312 граѓани ја напуштиле Македонија, пред се млади, образование луѓе, поради невработеност и лоши услови за живот. Тоа се 626.312 човечки судбини коишто најсилно говорат за неспособноста на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Поради „дил ориентед“ политиките на Никола Груевски странските инвеститори ја напуштаат Македонија, се зголемува невработеноста.

1.000 рудари останаа без работа пред два месеци, загрозена е егситенцијата на нивните семејства.

Наместо 5.600 вработувања во Веибо груп и инвестицијата од 400 милиони долари како што ветуваше Никола Груевски сега има само изорана ливада и нула нови работни места.

Над 50 граѓани од Берово остана без работа, поради стечајот што го прогласи турската фирма Улак амбалаж
 
Во Свети Николе, Груевски ги излажа граѓаните за наводни 450 вработувања, во некаква фабрика за производство на печурки, којашто никогаш не се изгради
 
Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска...
 
Груевски е синоним за корупцијата во врвот на власта што однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија.

Груевски и соработниците ќе одговараат за парите што ги украдоа и ќе им ги вратат на граѓаните.


Скопје,  31.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА



недела, 31 јануари 2016




СДСМ