НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не може да го реши проблемот со загадувањето

Соопштение за јавност


 
ВМРО-ДПМНЕ крајно неодговорно го игнорира проблемот со загадениот воздух што секојдневно го дишат граѓаните затоа што за 10 години покажа дека ниту сака ниту може да го реши.
 
Граѓаните на Македонија секојдневно дишат отров наместо чист воздух, што предизвикува штетни последици по нивното здравје.
 
Мерните станици континуирано, со денови и недели покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија.
 
Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Тетово изнесува фрапантни 10 пати над дозволеното, додека во Скопје, Битола и Кичево 6 пати над дозволената граница.
 
Недозволиво, неодговорно и срамно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.
 
Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.
 
Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.
 
Затоа заврши времето на Никола Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 31.01.2016              
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА




недела, 31 јануари 2016




СДСМ