НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Соопштенија за јавност

ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи што граѓаните дишат загаден воздух

Соопштение за јавност


ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи што граѓаните со месеци дишат загаден воздух. Тие со месеци го игнорираат овој проблем.
 
Со игнорантскиот однос спрема загадувањето на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ не само што покажува негрижа за здравјето на граѓаните туку покажува и неспособност да го реши овој проблем.
 
Мерните станици во континуитет, со месеци покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.
 
Во Битола загадувањето изнесува  фрапантни 16 пати повеќе од дозволеното количество на ПМ10 честички.
 
Во Скопје и Тетово загадувањето изнедува 14 односно 10 пати над дозволеното, додека во Кичево и Велес 5 пати над дозволеното.
 
Срамно и неодговорно е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон овој горлив проблем, директно поврзан со здравјето на граѓаните.
 
Политиките на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги разболеа граѓаните, туку и нема кој да ги лечи болните граѓаните.
 
Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.
 
Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски, Николa Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.
 
Затоа заврши времето на Никола Груевски. Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.



Скопје, 30.01.2016               

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

сабота, 30 јануари 2016




СДСМ