НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

ДПМНЕ против статутот и деловникот на Општина Битола!

Изјава за медиуми
Благојче Котески, советник од СДСМ во Советот на Општина Битола
Битола, 27.01.2016 година

Почитувани,
 
Поради честото отсуство на градоначалникот Талески на седниците на Совет во општина Битола, приморани сме нашите прашања до него да ги упатуваме во писмена форма.


 
Меѓутоа и покрај предвидениот рок, граѓаните останаа без одговори.
 
Ова претставува директно кршење на деловникот и статутот на Општина Битола.
 
Со ова директно се руши интегритетот на Советот на Општина Битола и се руши демократското работење на оваа институција.
 
Прашањата за кои сеуште нема одговор, се однесуваат на добиената донација од ФФМ за изработка на нов терен на стадионот под Тумбе Кафе и рефлектори.
 
- Кој има дадено дозвола на изведувачот за почеток на оваа реконструкција и кога?
 
- Дали изведувачот на реконструкцијата на теренот поседува лиценца за градба а ако поседува кога ја има добиено?
 
- Дали изведувачот, има одобрена работна дозвола и одобрен престој на нивните инжинери и работници?
 
- Дали постои проект за оваа темелна реконструкција со поставување на одводен систем?
 
- Кој е производителот на веќе изведената бетонска атмосферска канализациона мрежа и каде истата се поврзува?
 
- Дали оваа изведба е компатибилна со проектот за изградба на нов фудбалски стадион во Битола?
 
- Дали има издадена градежна дозвола за новиот фудбалски стадион, ако има кога е истата издадена?
 
- Дали оваа донација е регистрирана во службените книги на општина Битола?
 
- Дали се плаќа данок за ова?
 
Дали деновиве кога комплетната работа на општина Битола е ставена под лупа на Специјалното јавно обвинителство претседателката на Советот Силвана Анѓелевска и сегашниот секретар на ОК на ДПМНЕ Илче Димовски свесно под партиски налог ја спечуваат вистина да излезе на виделина?
 
Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните „тендер„ политики.

 

 

 

 

 

среда, 27 јануари 2016




СДСМ