НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжи граѓаните со нови 10 милиони евра

Соопштение за јавност


Зоран Ставрески, човекот познат по шемите немаме за леб а трошиме за чоколадо, на третата аукција за оваа година повторно ги задолжи граѓаните на Македонија за нови 10 милиони евра.
 
Иако во текот на утрешниот ден за враќање доспеваат 8.86 милиони евра, денес Зоран Ставрески запиша над 19 милиони евра во државни хартии од вредност.
 
Со само три аукции во месец јануари Ставрески ги задолжи граѓаните со нови 38 милиони евра, со што реализираше повеќе од 12% од дефицитот за целата 2016 година.
 
Фамилијата, Груевски и Ставрески мислат само на тоа како да ја спасат сопствената кожа. Воопшто не мислат на иднината, воопшто не се грижат што младите ќе го платат нивното расипништво и неодговорност.
 
Уплашени од соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата се надеваат дека со истурање на стотици милиони евра во предизборниот период нешто ќе променат.
 
Но, завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија бара промени и промените ќе се случат а сите што го прекршиле законот ќе одговараат.


Скопје,  26.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА


вторник, 26 јануари 2016




СДСМ