НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

Нема квалитетни избори без еднакви можности за сите

Соопштение за јавност


На високиот претставник на ЕУ, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан мора да му е јасно дека нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти рамноправно да учествуваат во изборниот процес и граѓаните слободно да можат да го дадат својот глас на изборите.

Вистината за Македонија докажа како ВМРО-ДПМЕ и Груевски организираат избори: со криминал и корупција, преку притисоци, закани, фантомски гласачи, фалсификувани лични карти.

И самиот комесар во изјавата потврдува дека дел од обврските не се исполнети. Тоа се токму оние што обезбедуваат фер и демократски избори: пречистен Избирачки список (препорака на ОБСЕ/ОДИХР во 2011, 2013 и 2014 година)  и слободни медиуми (според Договорот од Пржино, планирано за август).

Без целосна реализација на договореното нема услови за фер и регуларен предизборен и изборен процес.


Скопје,  26.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА


вторник, 26 јануари 2016




СДСМ