НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

Сериозни индиции за фантомски гласачи во Велес

Изјава за медиуми
Портпарол на ОО СДСМ Велес, Весна Стојанова Богоевска
26.01.2016

 
Според информациите во дел од медиумите на адресата на којашто живее пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Велес, Ѓорѓи Коџабашиев се водат уште шест избирачи, со презиме  Станојкови, а коишто, реално се непостоечки, или пак не живеат на таа адреса.

За овие индиции дека постојат фантомски гласачи со место на живеење токму на истата адреса, на иста улица и број со пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Коџабашиев, граѓаните на Велес очекуваваат да се изјасни Подрачната канцеларијата на Државната изборна комисија во Велес.

Наместо да молчи самиот пратеник Ѓорѓи Коџабашиев треба да излезе пред јавноста и да одговори за овие сериозни обвинувања.



Одовде, од пред куќата на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Коџабашиев прашуваме:

Ако Подрачната канцеларија на ДИК во Велес си ја работи работата, Раководителот Костадин Бабунски да одговори дали овие индиции се вистинити и што ќе преземе?

Дали во меѓувреме се пронајдени и други вакви случаи?

Граѓаните на Велес знаат дека постојат фантомски гласачи кои ги крадат изброите. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ само на тој начин ги добива изборите. Затоа граѓаните очекуваат одговори.

Заврши времето на Никола Груевски, а со тоа завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.


вторник, 26 јануари 2016




СДСМ