НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Соопштенија за јавност

Груевски им ја зема земјата на 18 земјоделски семејства од Карбинци

Соопштение за јавност



ВМРО-ДПМНЕ и Ванчо Костадиновски воопшто немаат легитимитет да зборуваат за земјоделците.

За Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ земјоделците се само ливчиња што ги  ставаат во гласачките кутии. Земјоделците знаат кој е виновен за катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат.

Таков е случајот и со земјоделците  во општина Карбинци кои вчера излегоа на простест барајќи да им се врати земјата која ја работат.

И Министерството за земјоделство ја призна огромната неправда во режија на Груевски и фамилијата.
 
18 земјоделски семејства од 2012 година се обидуваат да склучат договор за долгогодишен закуп на земјата којашто ја имаат добиено на плодоуживање. Но, наместо конечно решавање на нивниот проблем со долгогодишен закуп на земјата, Владата на Груевски 4 години им дава годишни договори и на тој начин ја продолжува нивната агонија.

Проблемот ескалира минатиот месец кога истата земја Владата ја става на последниот  јавен оглас.

Земјоделците најавија дека со жив штит ќе ја бранат земјата од која вадат парче леб. Тие бараат стопирање или поништување на огласот број 07/15 односно земјата којашто е дадена на плодоуживање да биде извадена од огласот.

Земјоделците знаат, завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.


Скопје, 24.01.2016               
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

недела, 24 јануари 2016




СДСМ