НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Соопштенија за јавност

Граѓаните се гушат, ВМРО-ДПМНЕ не може да го реши проблемот со загадувањето

Соопштение за јавност
 
Граѓаните на Македонија секојдневно се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички, штетни по здравјето.
 
Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје и Тетово изнесува 7 пати над дозволеното.
 
Во Битола, Велес и Кавдарци загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките изнесува 5 пати над дозволената граница.
 
Никола Груевски им одзема 10 години од животот на граѓаните и цела деценија ништо не презема за да се реши проблемот со екстремно загадениот воздух.
 
ВМРО-ДПМНЕ признава дека ниту има желба има има знаење ниту има капацитет да го реши проблемот со загадениот воздух.
 
Недозволиво, неодговорно и срамно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.
 
За Груевски важни се само тендерите и бизнис интересите на фамилијата. Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.
 
Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.
 
Затоа заврши времето на Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.


Скопје, 24.01.2016              
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА


 

 

 

недела, 24 јануари 2016




СДСМ