НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

Граѓаните знаат, завршува времето на Никола Груевски

Соопштение за јавност

Граѓанинот Никола Груевски постојано би нарачувал текстови во медиумските курири, полни со невистини, само да не се зборува за условите за слободни, фер и демократски избори.

Груевски бега од прочистен избирачки список, бега од регулација за слободни медиуми.

Едногласната одлука на Централниот одбор на СДСМ и целосна поддршка за претседателот Зоран Заев во борбата за враќање на слободата и демократија во Македонија го плаши Никола Груевски.

Медиумскиот мрак што го создаде фамилијата сака да го користи за спас на својата кожа додека ги убедува граѓаните дека во Македонија тече мед и млеко.

Во реалноста, 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе, поради невработеност и лоши услови за живот.

Во реалноста, над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден.

Над 10 илјади фирми во земјава се затворени а секоја трета фирма е со блокирана сметка.

Наместо 8 милијарди евра инвестиции за коишто излажа Груевски, Македонија е на дното во Европа по странски инвестиции.

За 10 години не е изграден ниту еден нов студетски дом а Груевски лицемерно ги навредува младите со нови лажни ветувања за теретани, перални и сушални. Студетските домови се во катастрофално лоша состојба, паѓаат покриви во ходниците, има влага во собите, лебарки во храната по студетските мензи.

Наместо за граѓаните Никола Груевски 10 години мислеше само на богатењето на фамилијата.

Груевски се плаши граѓаните слободно да ја искажат својата волја, се плаши од соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите години.

Затоа Груевски е хистеричен и бега од слободни, фер и демократски избори.

Граѓаните знаат, завршува времето на Никола Груевски.


Скопје, 21.01.2016              
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

четврток, 21 јануари 2016




СДСМ