НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

Младите не му веруваат на Груевски, тоа што го најавува е понижувачко

Прес конференција
Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица
Струмица, 21.01.2016 год.

После 10 години, Никола Груевски доцна се сети на младите.
 
Груевски веќе не е премиер ама продолжува да ја игра улогата на вонсериски популист и политички манипулатор.
 
Најавените „проекти“ како оној за фитнес зона и читална за младите која ќе била сместена во Центарот за култура, за младите во Струмица се понижувачки и навредувачки.


 
Ветувања за вакви „проекти“ за младите струмичани не може да даде ни еден претседател на месна заедница.
 
Наводната читална би можела да работи само во летниот период, кога на младите најмалку им е потребна. Затоа што во времето на грејната сезона во Центарот за култура нема греење. Груевски тоа го знае затоа што нема греење ниту тогаш кога тој присуствува на трибини во оваа сала, па е приморан да седи облечен во капут. Тоа се „проектите“ на Груевски.
 
Сопартијците на Никола Груевски од Струмица требале да го информираат дека во струмичката библиотека веќе постои современа и добро затоплена читална која ги задоволува потребите на младите струмичани. Тоа е проект реализиран од општината и градоначалникот Зоран Заев.
 
Исто така требало да го информираат дека градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица веќе реализираа и многу други проекти во интерес на младите од Струмица.
 
Дополнително, дека финансиски се поддржуваат стотици проекти на Младинскиот совет.
 
Се помагаат сите спортски клубови во општината во кои членуваат младите.
 
Се финансираа справи за вежбање на струмичката трим патека. 
 
Финансиски се поддржува реализација на отворени подвижни библиотеки коишто се лесно достапни до младите.
 
Се доделуваат стипендии за млади и се инвестираа во бројни спортски игралишта, меѓу коишто и првото игралиште со вештачка трева.
 
Споредбите за тоа, кој и на каков начин се грижи за младите во Струмица, се повеќе од непотребни. Јасно е се. 
 
За жал поразителен е фактот дека младите се иселуваат од државата, за што главна причина е невработеноста и нискиот животен стандард поради погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
 
Поради целосната негрижа за младите и после сите лаги во изминатите 10 години, младите не му веруваат на Никола Груевски, тој е прочината книга.

четврток, 21 јануари 2016




СДСМ