НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

Пропагандата почна самата да се разоткрива

Соопштение за јавност

Цензурата од државната агенција МИА на веста дека Стразбур пресудил оштета на лустрираниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски ја прели чашата на пропагандата на Груевски.

Пропагандата на Груевски почна самата да се разоткрива.

Државната информативна агенција МИА којашто ја плаќаат граѓаните се обидела да сокрие информација од истите тие граѓани.

Од државната агенција МИА се должни да им кажат на граѓаните под чиј налог требало да ја сокријат веста дека според Стразбур не се задоволени условите за правично судење на лустрираниот претседател на Уставниот суд Ивановски.

Веста за цензурата во МИА излезе во јавност, како што излегоа и милионите на Кирир, Република, Радио Слободна Македонија, Сител, Канал 5, Алфа...

Овој случај е уште еден доказ дека медиумите, вклучувајки ги и јавните медиумски сервиси се под тотална контрола на власта и дека е неопходна медиумска регулација.

Овој случај е уште еден доказ зошто Груевски не сака регулација на медиумите – бидејки нема да може да ги контролира информациите што го потврдуваат неговото криминално, валкано, расипничко владеење.

Завршува времето на Груевски.

Груевски и сите негови соработници во злоделата ќе одговараат.


Скопје, 21.01.2016              
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

четврток, 21 јануари 2016




СДСМ