НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

После сите лаги студентите и младите не му веруваат на Груевски

Соопштение за јавност


Откако ги избрка младите од Македонија, Никола Груевски се расфрла со ветувања за перални и сушални во студетските домови коишто се во катастрофално лоша состојба.
 
Невработеноста кај младите луѓе и нискиот животен стандард во Македонија се главните причини за иселувањето на 626.312 граѓани од земјава. Популистичките мерки на Никола Груевски воопшто нема да помогнат.
 
Никола Груевски 10 години ветуваше реновирање на сите студентски домови. Наместо тоа, паѓаат покриви во ходниците на студентските домови, има лебарки во храната по студетските мензи.
 
За цели 10 години Никола Груевски не изгради ниту еден студентски дом иако според неговите најави уште пред 7 години требаше да биде изграден нов студетски дом во Скопје.
 
Но затоа, наместо студентски дом, Никола Груевски изгради луксузно партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ вредно милиони евра.
 
Никола Груевски ги излажа студентите и за методот на проектно финансирање во високото образование.
 
Груевски излажа и за формирањето посебен Фонд за стипендирање и кофинансирање на успешни студенти, излажа за проектот воведување државна квота за II и III циклус студии.
 
После 10 години лаги и тотална негрижа за нив студентите, младите, не му веруваат на Никола Груевски.
 
Лажните и лицемерни ветувања на манипулаторот Груевски не поминуваат.
 
Тој за студентите е прочитана книга.



четврток, 21 јануари 2016




СДСМ