НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

8 милијарди лаги на Никола Груевски

Соопштение за јавност


За инвестиции не може да зборува човекот кој пред 10 години вети 8 милијарди евра инвестиции во Република Македонија што никогаш не се реализираа.
 
Наместо 8 милијарди евра инвестиции 8 милијарди лаги на Никола Груевски.
 
Во реалноста, Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.
 
Според податоците на Народна банка само 8.5 милиони евра странски инвестиции влегле во Македонија во третиот квартал оваа година.
 
Груевски дал државна помош во износи од XXXXXXXXX евра на странски компании коишто не инвестираа во Македонија. Пример за тоа е „Мадерсон груп.“
 
Оваа странска инвестиција не постои, а и биле дадени пари на граѓаните, субвенции од државата, во август 2011 година во износ којшто е означен како XXXXXXXXXXXX во документот – решение од Комисијата за заштита на конкуренцијата.
 
Додека неспособниот Никола Груевски предизборно се расфрла со лажни, виртуелни инвестиции и вработувања, Македонија се соочува со најголемиот егзодус на граѓаните, пред се младите.
 
Премиерот во заминување, Никола Груевски не може да зборува за вработувања освен ако не мисли на вработувањата на македонските граѓани во странство.
 
Лицето на Никола Груевски заслужува да биде испечатено на картите во еден правец што ги купуваат граѓаните од Македонија.
 
Поради невработеноста и нискиот стандард секој втор млад човек сака да си замине од Македонија.
 
Според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе.
 
Корупцијата во врвот на власта однесе безброј работни места и запушти многу населени места во Македонија.
 
Наместо отварање на нови фабрики, нови работни места, проекти, Груевски во изминатите 10 години единствено мислеше на матните бизнис зделки на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески, парцели на Водно, провизии, мерцедес од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари...

Впрочем и самиот Груевски призна целосен пораз на сите економски политики. Без постојано задолжување на граѓаните не може да се исплатат ниту плати ниту пензии.
 
Затоа граѓаните немаат никакви очекувања од Никола Груевски. Се чека неговата оставка.
 
Збогум Никола!

Скопjе, 13.01.2016              
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

среда, 13 јануари 2016




СДСМ